Проект Менаџер

Skopje, Sjeverna Makedonija


Кои сме ние?

КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.

Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија. 

Што добивате:

  • Флексибилно работно време и опции за работа од дома;
  • Исплата на годишен регрес;
  • Службен телефон и соодветна ИТ опрема за непречно одвивање на работата;
  • Можност за стручно усовршување во областа и професионален развој со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Поволности за спорт и спортски активности-кофинансирање на Спорт мастер картичка;
  • Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
  • Еднаш годишно организран тим билдинг (незадолжително и не за викенди), дополнително неколку пати годишно организирани собири и помали (тимски) работилници;
  • Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата;
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.

Работни задачи:

  • Планирање и реализација на сеопфатни проектни планови, вклучувајќи опсег, временски рокови, распределба на ресурси и буџети;
  • Контрола и надзор врз имплементацијата на проектот, осигурувајќи дека испораките се завршени на време, во рамките на опсегот и во рамките на буџетот;
  • Одговорно лице за контакт со клиентите, обезбедувајќи редовно известување и управување со очекувањата;
  • Идентификација и ублажување на потенцијалните ризици на проектот, минимизирајќи ги препреките за непречена реализација на проектот;
  • Одговорност и грижа за: квалитетна и навремена испорака на проекти, примена на стандардите за висок квалитет, како и придржување до најдобрите практики, реализација на проектите и развој на софтвер;
  • Управување и мотивирање проектни тимови, поттикнувајќи на позитивна работна атмосфера;
  • Проактивност и константно подобрување на процесите, применувајќи ги најдобрите практики за управување со проекти;
  • Следење на напредокот и перформансите на проектот, и по потреба редовно ажурирајќи ги и прилагодувајќи ги плановите и ресурсите;
  • Редовно информирање на засегнатите страни за статусот/прогресот на проектот преку креирање јасни и концизни проектни планови и извештаи;
  • Одговорност за финансискиот резултат на проектот и управување со сите аспекти на проектот.

Вие сте идеален кандидат доколку:

  • Имате завршено релевантно ВСС;
  • Поседувате возачка дозвола Б категорија (активен возач);
  • Активно го користите англискиот јазик;
  • Имате искуство во управување со ИТ проекти најмалку 3 години;
  • Имате знаење околу процесите и методологиите за управување со проектите и развој на софтвер;
  • Имате искуство со различни алатки и методологии за управување со проекти;
  • Имате искуство во деловна анализа или една од другите улоги во софтверски проекти;
  • Имате одлично разбирање на животниот циклус и процесот на реализација на проектите
  • Ги визуелизирате решенијата и пристапувате кон решавање на проблеми со креативност и иновативност;
  • Се фокусирате на исполнување на потребите и очекувањата на клиентот;
  • Добро се снаоѓате во брзо и динамично опкружување, лесно прилагодувајќи се на новите промени и приоритети;
  • На предизвиците им приоѓате со силни лидерски вештини, водејќи ги проектните тимови до успех;
  • Поседувате одлични комуникациски, интерперсонални и лидерски вештини;
  • Добри организациски вештини и внимание на детали;
  • Проактивност во пристапот кон работата и тенденција за тимска работа;
  • Способност за поставување приоритети и самостојно решавање на проблеми;
  • Претприемачки начин на размислување;
  • Најважното нешто - страст за решавање проблеми, грижа за квалитетот на испораките и задоволството на членовите на вашиот тим.

Предност доколку поседувате:

  • Сертификати за управување со проекти (пр. PMP, PMI-ACP, PRINCE2 или други);
  • Искуство или познавање на работа со системи за управување со документи и оптимизација на деловни процеси;
  • Искуство во работа со софтверски алатки за управување со проекти (пр. Jira);
  • Искуство со идентификација на предизвици со кои се соочуваат клиентите (грижа за клиенти или пред-продажна поддршка);
  • Лидерско искуство.

Краен рок за аплицирање: 24.01.2026 година

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.

Проект Менаџер

Opis posla

Проект Менаџер

Osobne informacije