

Кои сме ние?
KING ICT, како членка на M SAN Group, е еден од најголемите регионални систем-интегратори кој на своите корисници им нуди комплетни ИТ и деловни решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и за идните генерации. Нашите главни мотиви се знаењето, стручноста, креативноста, подобрувањето на бизнисот и создавањето дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е пријатно да работиме и да се дружиме.
За позицијата Бизнис оперативен администратор, бараме организирана и проактивна личност која ќе се грижи за непречено функционирање на канцеларијата и ќе обезбедува оперативна и административна поддршка за Интегрираниот систем за управување (ИСУ) и корпоративните процеси во компанијата.
Ако си систематичен/на, внимаваш на детали и успешно координираш повеќе задачи и рокови, те покануваме да се приклучиш на нашиот тим.
Работни активности и обврски:
- Организација и координација на секојдневните канцелариски активности и проактивна грижа за канцеларијата, опремата и потребите на тимот.
- Координација со добавувачи и набавка на услуги и материјали за потребите на компанијата.
- Координација на одржувањето на канцеларијата и навремено решавање на тековните организациски потреби.
- Прием, евиденција и архивирање на документи, договори, акти и останата деловна кореспонденција.
- Организација на состаноци и подготовка на потребните материјали и записници.
- Секојдневна оперативна и административна поддршка на раководството и тимот.
- Учество во изработката на политиките на Интегрираниот систем за управување (ИСУ).
- Подготовка и ажурирање на документацијата на ИСУ, вклучително и за имплементираните ISO стандарди во компанијата, во соработка со Одделот за управување со квалитет.
- Планирање, координација и учество во спроведувањето на редовните и вонредните интерни и екстерни аудити на ИСУ.
- Координација и следење на отстранувањето на неусогласеностите и спроведувањето на корективните мерки, во соработка со Одделот за управување со квалитет.
- Водење и ажурирање на Регистарот на законски и регулаторни прописи и следење на важечката законска регулатива за КИНГ ИЦТ ДООЕЛ.
Очекувани искуствени аспекти:
- Искуство во office менаџмент, деловна поддршка или сродна област.
- Добри организациски и комуникациски вештини и способност за поставување приоритети и следење рокови.
- Проактивност, прецизност и одговорен пристап кон задачите.
- Добро познавање на Microsoft Office, особено Word и Excel.
- Познавање англиски јазик за деловна комуникација и работа со документација.
- Дискретност при работа со доверливи информации и подготвеност за учење.
Дополнителни аспекти кои би оделе во прилог:
- Искуство со координација на добавувачи, набавки и одржување канцелариски простор.
- Познавање ISO стандарди или искуство со контролирана документација.
- Искуство со подготовка за аудит и следење корективни мерки.
- Завршена обука за интерен аудитор.
Што нудиме ние:
- Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
- Конкурентен финансиски надоместок;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
- Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
- Професионален и личен развој;
- Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
- Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
- Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
- Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.