Account Manager

Skopje, Sjeverna Makedonija


Кои сме ние?

КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.

Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.

Бараме Account Manager кој ќе биде одговорен за градење и одржување на долгорочни односи со клиентите, препознавање нови продажни можности и развој на соработката со постоечките и потенцијалните клиенти.

Работни активности и обврски:

  • Вршење продажни активности кај постоечките и потенцијалните клиенти;
  • Проактивно пристапување кон клиентите со цел препознавање и развивање нови продажни можности;
  • Континуирано информирање на клиентите за новостите во портфолиото на компанијата во соработка со водителите на програми;
  • Собирање, анализа и разбирање на потребите и барањата на клиентите, како и учество во креирање понуди и решенија согласно нивните потреби;
  • Истражување на пазарот и воспоставување контакти со нови потенцијални клиенти;
  • Градење и одржување позитивни и долгорочни односи со клиентите;
  • Спроведување постпродажни активности, следење на задоволството на клиентите и идентификување дополнителни деловни можности;
  • Следење на реализацијата на нарачките и навремено исполнување на договорените обврски;
  • Учество во процесите поврзани со тендери и јавни набавки за клиентите од својот портфолио;
  • Континуирано следење на пазарните трендови, односот понуда-побарувачка и активностите на конкуренцијата;
  • Следење на процесите на наплата и навремено подмирување на обврските од страна на клиентите;
  • Подготовка на редовни извештаи за продажните активности и резултати;
  • Континуирано стручно усовршување и следење на новитетите во ИКТ индустријата.

Вие сте идеален кандидат доколку:

  • Имате завршено ВСС од техничка или економска насока;
  • Поседувате минимум 3-5 години работно искуство на иста или слична позиција во ИКТ индустрија (систем интегратор, ИТ дистрибутер, ИТ производител или телекомуникациски оператор);
  • Поседувате возачка дозвола Б категорија;
  • Активно го користите англискиот јазик;
  • Одлично ги познавате алатките од MS Office пакетот;
  • Поседувате развиени комуникациски, презентациски и преговарачки вештини;
  • Имате аналитички пристап и способност за решавање проблеми;
  • Поседувате високо ниво на одговорност, професионалност и ориентираност кон резултати;
  • Имате изразен фокус кон клиентите и градење долгорочни деловни односи;
  • Брзо усвојувате нови знаења и технологии;
  • Поседувате комуникативност, темелност и способност за самостојна организација на работата.

Што нудиме ние:

  • Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
  • Конкурентен финансиски надоместок;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
  • Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
  • Професионален и личен развој;
  • Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
  • Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
  • Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
  • Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.

Account Manager

Opis posla

Account Manager

Osobne informacije