

Кои сме ние?
КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.
Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.
Бараме мотивиран и аналитички ориентиран Бизнис Аналитичар кој ќе игра клучна улога во идентификување, анализа и подобрување на бизнис процесите, како и во поврзување на бизнис потребите со ИТ решенијата.
Секојдневни активности:
- Комуникација со клиентите, воспоставување и градење професионален однос со истите;
- Темелна анализа, прецизно дефинирање и јасно документирање на корисничките барања;
- Моделирање на деловни процеси;
- Визуелизација и концептирање на решенија;
- Изработка на функционална спецификација и останати проектни документи;
- Координирање, делегирање и давање насоки на програмерскиот тим во текот на реализацијата на проектите;
- Организација и приоритетизација на развојните активности и задачи;
- Проактивно следење на целиот животен циклус на решението (од идеја до конечна реализација и продукција на системите);
- Отворена и тимска соработка со проектниот тим;
Вештини на идеалниот кандидат:
- Аналитичко размислување и решавање на проблеми: поставување на важни прашања, лесно процесирање на информации од различни извори, разграничување на фунционална информација од нефункционална, предложување идеи и концепти, флексибилност при донесување одлуки;
- Комуникациски и презентациски вештини: активно слушање на соговорниците и презентирање на решенијата, концептите, плановите итн. Концизно и аргументирано бранење на своите идеи;
- Работа со луѓе и решавање на конфликти: Медијатор помеѓу две спротивставени страни. Преземање иницијатива и насочување кон решавање проблем;
- Професионален однос и комуникација со различен тип / карактер / профил на клиенти и колеги;
- Организациски вештини: Добро управување со време и одредување приоритети;
- Задолжително е познавање на англиски јазик (пишување и зборување), работа со MS Office алати и деловен бон тон.
Дополнителни аспекти кои би оделе во прилог:
- Завршено високо образование од областа на компјутерските науки или релевантна област;
- Барем 1 година искуство во подрачјето на деловната анализа за ИТ решенија;
- Искуство со моделирање на комплексни деловни процеси;
- Искуство со пишување на комплексни функционални спецификации (лесно разбирливи и читливи);
- Возачка дозвола;
- Познавање на процес на создавање на софтверско решение.
Што нудиме ние:
- Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
- Конкурентен финансиски надоместок;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
- Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
- Професионален и личен развој;
- Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
- Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
- Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
- Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.
Краен рок за аплицирање: 18.01.2026 година
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.