Мрежен инженер (Network engineer)

Skopje, Sjeverna Makedonija

                                                                 



Кои сме ние?

КИНГ ИЦТ, основана во 1998 година, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност и мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност.

Специјализирани компании

Под вертикалата на КИНГ ИЦТ влегуваат и Активис, компанија специјализирана за управување со документи, Smart Energy, компанија специјализирана за спроведување на мерки за енергетска ефикасност, и Планета IX, компанија специјализирана за употреба на вештачка интелигенција и нејзина примена во обработка на податоци во роботика, дронови и беспилотни летала.

Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Белгија, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија, Србија и Косово.


Што добивате:

  • Конкурентна плата + дополнителен бонус, зависно од успешноста во извршувањето на работните задачи
  • Работа во професионална средина и работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне
  • Работа во интернационална групација, динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини
  • Можност за стручно усовршување во областа со платени обуки, тренинзи, курсеви и работилници за стекнување на соодветни вештини и знаења
  • Можност за наградување и напредок во рамки на компанијата
  • Можност за професионален развој и континуирана едукација
  • Приватно здравствено осигурување и други бенефиции


Работни задачи:

  • Дизајнирање, имплементација и одржување во областа на мрежни решенија и мрежна безбедност од следните области: Next Generation Firewall решенија, решенија за заштита од напредни закани, LAN и SD-LAN мрежни решенија, WAN и SD-WAN мрежни решенија, мрежни решенија за податочни центри и WiFi мрежни решенија
  • Сеопфатни решенија и концепти за мрежна заштита
  • Консултации со корисници во областа на мрежни решенија и мрежна безбедност;
  • Соработка со сите нивоа на управување и трансфер на знаење
  • Подготовка на документација, анализа на барањата и проценка на трошоците во фазата на претпродажба
  • Креирање на функционални и технички спецификации
  • Специфицирање на соодветна опрема и модели и работа со алатките за конфигурација и спецификација на производителот на опремата
  • Соработка со производителите, корисниците на опремата и доближување на релевантните трендови и новите технологии до корисниците и
  • Континуиран личен и професионален развој со активно учество во професионалните заедници и следење на пазарите и трендовите


Вие сте идеален кандидат доколку:

  • Имате завршено релевантно ВСС од техничка насока; предност ќе имаат кандидатите со завршено високо стручно обраѕовние од техничка насока
  • Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Активно користење на англиски јазик
  • Способност за анализа на барања, дизајн на решенија и креирање на функционални и технички спецификации
  • Добро познавање на принципите, практиките и стандардите во областа на комуникациските, мрежните и безбедносните технологии
  • Како предност ќе се смета доколку кандидатот поседува знаење од областа на системската инфраструктура
  • Kaндидатот треба да поседува подготвеност за континуиран развој и високо ниво на одговорност
  • Комуникативност, проактивност, организациски вештини, темелност во пристапот;
  • Предност е доколку поседувате преговарачки и продажни вештини
  • Предност е доколку располагате со професионални сертификати во доменот на мрежни и безбедносни технологии (Cisco, Check Point, Fortinet, HPE.)
  • Предност е доколку располагате со професионални сертификати од областа на системската инфраструктура (VMware, DELL EMC, Microsoft, HPE.)


Рок за пријавување до 16.08.2025 година.


Мрежен инженер (Network engineer)

Opis posla

Мрежен инженер (Network engineer)

Osobne informacije