

Кои сме ние?
KING ICT како членка на M San Group, e една од најголемите регионални систем интегратори, кој на своите корисници им нуди комплетни ИТ и деловни решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Нашите SAP експерти им обезбедуваат на корисниците сеопфатна поддршка за SAP деловни решенија, од имплементација до одржување. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.
Доколку добро го познаваш SAP и имаш искуство со имплементација на деловни процеси во SAP, а сакаш да работиш во стимулирачка средина која ја гради својата пазарна позиција и развој врз создавање деловни вредности за корисниците базирани на напредни технологии, тогаш отворија оваа можност и аплицирај за SAP консултант!
Работни активности и обврски:
- Идентификување и документирање на барања за промени во деловниот информациски систем на корисникот;
- Анализа на корисничките барања, предлагање на решенија и носење заклучоци за промени во стандардите на деловниот информациски систем;
- Учество во имплементација, одржување и надградба на SAP решенија;
- Обезбедување консултантски услуги во врска со барања за промени во деловниот информациски систем на корисникот;
- Проценка на обемот на работа и времето потребно за имплементација на SAP ИТ решенија во вашата област на експертиза;
- Следење на трендовите во развојот на технологијата и организациските методи во вашата област на дејност;
- Учество во продажни активности во вашата област на експертиза;
- Учество во надворешни и внатрешни едукативни активности;
- Учество во едукација и менторирање на вработени и споделување знаење со колегите;
- Учество во имплементација на решенија надвор од седиштето на работодавачот;
- Самостојно извршување на доделените задачи и активно учество во тимската работа;
- Континуирано професионално усовршување во вашата област на експертиза;
- Обезбедување повратни информации за вашата работа и резултатите до непосредно претпоставените;
- Покажување добри комуникациски вештини и подготвеност за тимска работa.
Очекувани искуствени аспекти:
- Пет или повеќе години искуство на бараната работна позиција, работејќи на проекти за имплементација или одржување на SAP системи кои опфаќаат модули за логистика (SD, MM, PP, PM) или финансии (FI, CO, FICO, RE-FX),
- Познавање на англиски јазик.
Дополнителни аспекти кои би оделе во прилог:
- Формален SAP сертификат,
- Познавање на други SAP модули,
- Елоквентност и структурираност во комуникацијата,
- Подготвеност за тимска работа,
- Позитивен став и одговорен и проактивен пристап кон работата,
- Желба за континуирано учење и унапредување.
Што нудиме ние:
- Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
- Конкурентен финансиски надоместок;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
- Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
- Професионален и личен развој;
- Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
- Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
- Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
- Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.