

Кои сме ние?
KING ICT како членка на M San Group, e една од најголемите регионални систем интегратори, кој на своите корисници им нуди комплетни ИТ и деловни решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Нашите SAP експерти им обезбедуваат на корисниците сеопфатна поддршка за SAP деловни решенија, од имплементација до одржување. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.
Доколку добро го познаваш SAP и имаш искуство со имплементација на деловни процеси во SAP, а сакаш да работиш во стимулирачка средина која ја гради својата пазарна позиција и развој врз создавање деловни вредности за корисниците базирани на напредни технологии, тогаш отворија оваа можност и аплицирај за SAP консултант!
Работни активности и обврски:
- Анализа и документирање на деловните потреби на корисниците и предлагање соодветни SAP решенија;
- Самостојна имплементација, конфигурација, одржување и надградба на деловните процеси во својата SAP област;
- Изработка на функционални и технички спецификации и соработка со тимовите за развој и интеграции;
- Тестирање на решенијата и обезбедување нивна функционална исправност и усогласеност со поврзаните SAP модули;
- Решавање функционални барања, инциденти и барања за промени;
- Водење состаноци со корисниците, изработка на кориснички упатства и спроведување обуки;
- Проценка на потребниот обем на работа и време и навремена реализација на доделените задачи;
- Учество во продажни и претпродажни активности во својата област на експертиза;
- Споделување знаење и менторирање на помалку искусните колеги;
- Следење на развојот на SAP технологиите и релевантните законски промени и континуирано професионално усовршување.
Очекувани искуствени аспекти:
- 5 или повеќе години искуство на бараната работна позиција, работејќи на проекти за имплементација или одржување на SAP системи кои опфаќаат модули за логистика (SD, MM, PP, PM) или финансии (FI, CO, FICO, RE-FX),
- Познавање на англиски јазик.
Дополнителни аспекти кои би оделе во прилог:
- Формален SAP сертификат,
- Познавање на други SAP модули,
- Елоквентност и структурираност во комуникацијата,
- Подготвеност за тимска работа,
- Позитивен став и одговорен и проактивен пристап кон работата,
- Желба за континуирано учење и унапредување.
Што нудиме ние:
- Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
- Конкурентен финансиски надоместок;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
- Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
- Професионален и личен развој;
- Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
- Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
- Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
- Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.