Skopje, Sjeverna Makedonija (Hybrid)


Кои сме ние?
КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.
Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.
Бараме мотивиран и аналитички ориентиран Сениор Бизнис Аналитичар кој ќе игра клучна улога во идентификување, анализа и подобрување на бизнис процесите, како и во поврзување на бизнис потребите со ИТ решенијата.
🔷 Што ќе работиш?
• Анализа и моделирање на бизнис процеси со цел разбирање на потребите на клиентите и идентификација на можности за подобрување
• Подготовка на функционални спецификации и соработка со тимот за дефинирање на барања за развој и интеграција со други системи
• Обезбедување квалитет на решението преку тестирање и валидација пред испорака
• Активно учество на sprint review состаноци и собирање повратни информации од клиенти за унапредување на функционалностите
• Едукација на крајни корисници и обезбедување поддршка при имплементација на нови решенија
• Поддршка на presales и sales процесите преку учество во подготовка на high-level предлог решенија
• По потреба, координација на развојни активности со надворешни партнери и добавувачи
• Промовирање на визијата на производот и усогласување со бизнис целите низ целиот животен циклус
• Поттикнување на примена на воспоставени методологии и best practices преку обуки и поддршка на тимот
🔷 Што очекуваме од тебе?
• Универзитетска диплома од ИТ, економија (со фокус на информатика) или сродна техничка област
• Најмалку 5 години искуство во бизнис анализа или ИТ product management, по можност со комплексни процеси и различни индустрии
• Одлично познавање на моделирање на бизнис процеси (BPMN) и силни аналитички и документациски вештини
• Искуство со релациони бази на податоци и основно познавање на SQL, API или други релевантни технологии
• Исклучителни комуникациски вештини и способност за работа со интерни тимови и екстерни клиенти
• Докажана способност за разрешување на спротивставени барања и поддршка при носење одлуки преку структуриранa анализа
• Одлични организациски вештини, внимание на детали и проактивен пристап кон решавање проблеми
• Флексибилен и колаборативен начин на размислување, со желба за учење и адаптација во динамична средина
• Искуство во менторирање на членови на тим и примена на Agile методологии (SCRUM)
• Способност да се одржи стратешки преглед, но и да се навлезе во технички или бизнис детали кога е потребно
🔷 Што нудиме?
• Можност да ја обликуваш нашата инженерска култура уште од самите почетоци
• Работа во искусен и поддржувачки тим
• Континуиран професионален развој преку обуки и конференции
• Флексибилно работно време со можност за хибриден начин на работа
• Работа во agile околина според SCRUM методологија
• Пријатна и опуштена работна атмосфера со различни бенефиции – сите поволности може да ги најдеш на нашата career страница
Решаваме комплексни технолошки предизвици со цел да го поедноставиме и подобриме секојдневието на милиони луѓе. Нашата цел е да станеме лидер во софтверската индустрија, препознатливи по извонредност и квалитет.
Доколку си подготвен/а да го обликуваш она што допрва ќе се создава — испрати ни го твоето CV.
Аплицирај преку линкот подолу.
Со нетрпение очекуваме да се запознаеме! 🚀