

Кои сме ние?
КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.
Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.
Бараме одговорен и детално ориентиран SAP Сметководител кој ќе има важна улога во секојдневното финансиско и сметководствено работење на компанијата, преку навремено и прецизно процесирање на финансиска документација, следење на сметководствени процеси и обезбедување точна финансиска евиденција.
Работни активности и обврски:
- Книжење на влезни фактури за оперативни трошоци;
- Книжење на финансиски трансакции поврзани со материјалното работење (излезни фактури, калкулации и сл.);
- Евиденција и контрола на ДДВ по влезни фактури;
- Книжење на патни налози, плати и останати бенефити за вработените;
- Книжење на денарски и девизни изводи;
- Пресметка и книжење на амортизација на основни средства.
Вие сте идеален кандидат доколку имате:
- Минимум 3 години релевантно работно искуство;
- Искуство со SAP-FI програмата;
- Добро познавање на MS Office пакетот, со акцент на Excel;
- Поседување Уверение за Сметководител; Уверение за Овластен сметководител ќе се смета за предност;
- Познавање на англиски и српско-хрватски јазик;
- Одговорен, организиран и професионален пристап кон работата;
- Способност за соработка и функционирање во тимска средина;
- Возачка дозвола – Б категорија ќе се смета за предност.
Што нудиме ние:
- Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
- Конкурентен финансиски надоместок;
- Приватно здравствено осигурување;
- Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
- Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
- Професионален и личен развој;
- Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
- Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
- Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
- Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.
Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.