Senior Enterprise Account Manager

Skopje, Sjeverna Makedonija


Кои сме ние?

КИНГ ИЦТ е една од водечките компании за системска интеграција во регионот, како членка на М САН Група, е регионален системски интегратор и лидер во креирањето и имплементацијата на Enterprise решенија. Преку иновативни ИКТ решенија, сакаме да изградиме поврзана и дигитална иднина за нас и идните генерации. Нашите главни мотиви се знаење, стручност, креативност, мотивација за подобрување на бизнисот и создавање дополнителна вредност. Работиме агилно, споделуваме знаење, го цениме трудот и секогаш можеме да се потпреме еден на друг. Внимаваме на културата на компанијата и избираме колеги со кои ни е удобно да работиме и да се дружиме.

Седиштето на компанијата е во Загреб, а присутни сме во: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Белгија.

Бараме искусен и проактивен Senior Enterprise Account Manager кој ќе биде одговорен за развој и управување со портфолио на клучни корпоративни клиенти, градење долгорочни партнерски односи, препознавање нови продажни можности и креирање решенија кои носат додадена вредност за клиентите и компанијата.

Работни активности и обврски:

  • Вршење продажни активности кај клучните клиенти (потенцијални и постоечки) користејќи специјализирани технички и продажни вештини;
  • Идентификување, развивање и создавање нови продажни можности преку проактивен пристап кон постојните и потенцијалните клиенти;
  • Изработка и реализација на годишен план на продажба за клучните клиенти за кои е задолжен;
  • Развивање на целокупниот бизнис со цел зголемување на продажбата, профитабилноста и оперативната ефикасност кај постојните и новите клиенти;
  • Воспоставување, одржување и развивање долгорочни односи со клучните клиенти, како и континуирано следење и унапредување на нивното задоволство;
  • Во соработка со водителите на програми, предлагање и координирање на развој на нови решенија, услуги и процеси кои ги адресираат тековните и идните потреби на клиентите (cross-sell и up-sell активности);
  • Континуирано следење на пазарните трендови, потребите на клиентите и активностите на конкуренцијата, како и анализа на нивното влијание врз бизнисот;
  • Истражување на пазарот и воспоставување контакти со нови потенцијални клиенти;
  • Изработка и презентација на понуди од портфолиото на компанијата;
  • Управување со процесите поврзани со тендери и јавни набавки за клиентите од својот портфолио;
  • Следење на реализацијата на нарачките и навремено исполнување на договорените обврски;
  • Управување со процесите на наплата и следење на навремено подмирување на обврските од страна на клиентите;
  • Спроведување постпродажни активности, одржување на позитивни односи со клиентите и препознавање нови деловни можности;
  • Организирање и координирање на интерни тимови за реализација на продажни можности и проекти;
  • Учество во оптимизација на постоечките и развој на нови деловни процеси;
  • Подготовка на редовни извештаи и анализи за продажните резултати и перформанси;
  • Пренесување на своето знаење и искуство на колегите;
  • Континуирано стручно усовршување и следење на новитетите во ИКТ индустријата.

Вие сте идеален кандидат доколку:

  • Имате завршено ВСС од техничка или економска насока;
  • Поседувате минимум 10 години работно искуство на иста или слична позиција во ИКТ индустрија (систем интегратор, ИТ дистрибутер, ИТ производител или телекомуникациски оператор);
  • Поседувате возачка дозвола Б категорија;
  • Активно го користите англискиот јазик;
  • Одлично ги познавате алатките од MS Office пакетот;
  • Поседувате развиени комуникациски, преговарачки и презентациски вештини;
  • Имате изразени аналитички способности и способност за носење одлуки;
  • Поседувате високо ниво на одговорност, организираност и ориентираност кон резултати;
  • Имате изразен фокус кон клиентите и градење долгорочни партнерски односи;
  • Брзо усвојувате нови знаења и технологии;
  • Поседувате комуникативност, проактивност, темелност во пристапот и развиени организациски вештини;
  • Предност е доколку поседувате професионални сертификати;
  • Предност е доколку располагате со технички pre-sales ICT вештини.

Што нудиме ние:

  • Колегијалност, одлична работна атмосфера и тимски дух;
  • Конкурентен финансиски надоместок;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Поволности за спорт и спортски активности - кофинансирање на Спорт мастер картичка;
  • Поволности за купување на производи кои ги дистрибуира фирмата;
  • Професионален и личен развој;
  • Можност за сертификација, напредок и надградба на личните компетенции, едукација и посета на конференции;
  • Работа на домашни, регионални и интернационални проекти;
  • Тим билдинг и редовна тимска дружба со интерактивни работилници;
  • Работа во интернационална групација, динамична средина, работа исполнета со нови предизвици и со работа во тим кој е секогаш подготвен да ви помогне.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција.

 

Senior Enterprise Account Manager

Opis posla

Senior Enterprise Account Manager

Osobne informacije
Profesionalne informacije
Dodaj
Dodaj
Dodaj
Dodaj